Словенечките автопатишта со 94% поголема чиста добивка

77

slovenija-autoputКомпанијата ДАРС, која управува со словенечките автопатишта, минатата година остварила 45,3 милиони евра чиста добивка, што е за 94% повеќе во однос на 2012 година.

Добивката на ДАРС пред оданочувањето минатата година е зголемена од 29,4 милиони евра во 2012 година, на 54,6 милиони.

ДАРС, компанија основана од државата, управува со словенечките автопатишта и обезбедува наплата на патарини. Минатата година, според објавените податоци, заработила околу 300 милиони евра од патарини, од кои 165 од сообраќај на теретни возила, со директна наплата на наплатни куќички. Останатото е приход од винјети за приватни автомобили.

Годинава компанијата очекува приход во висина од 323 милиони евра.