Словенечките компании оствариле консолидирана добивка од 3,6 милијарди евра

13

Фото: Pixabay

Словенечката економија мината година остварила консолидирана добивка од 3,6 милијарди евра, пишува Seebiz повикувајќи се на извори од Агенцијата за евиденција и услуги, а врз основа на податоците кои ги доставиле 66.470 стопански субјекти.

Вкупната добивка на економските субјекти во Словенија за минатата година изнесувала 4.585 милијарди евра, што е за 7% зголемена во однос на 2016, додека, пак, вкупната загуба за истиот споредбен период се намалила од 1,12 милиради евра на 963,7 милиони во 2017 година.

Пораст е забележан и кај вкупно остварените приходи, кои пораснале за 13% и изнесувале 93,8 милијарди евра, како и расходите чијшто раст достигнал 89,6 милијарди евра.

Носител на словенечката економија се микро претпријатијата што сочинуваат 87,2% од вкупниот број на стопански субјекти, додека малите и средни претпријатија се застапени со 10,7% односно 1,5%. Во овие компании минатата година работеле вкупно 431.300 лица, што претставува пораст од 6% во однос на 2016 година.