Словенечките компании се почесто земаат кредити од странство

15

evraОбемот на нови кредити што словенечките банки им ги одобриле на компаниите минатата година е намален за две милијарди евра во однос на 2012 година, па успешните и извозно ориентираните компании често се одлучуваат на извори за финансирање од странство, пишува љубљански Дневник.

“Компаниите минатата година од странство имаат позајмено повеќе од една милијарда евра”, вели за весникот заменик гувернерот на Банката на Словенија, Јанез Фабијан, додавајќи дека 600 милиони од нив се однесуваат на преработувачката индустрија.

Причина за ова се и пониските каматни стапки. За кредити до еден милион евра, словенечките банки во декември минатата година во просек наплаќале 5,5% каматна стапка, а во еврозоната каматната стапка е само 3,8%. Јазот е уште повпечатлив кај кредитите над еден милион евра, за кои во еврозоната каматната стапка е во просек 2,3%, двојно поевтино отколку во Словенија.