Словенија ги доби првите Мишелинови ѕвезди

219

Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, со што земјата е ставена на картата за дестинации со квалитетна гастрономска понуда препорачана од најпрестижниот гастрономски водич во светот.

На свеченост во Љубљана, ѕвездите ги подели главниот уредник на Мишелин, Гвендал Поуленек.

На кулинарската шефица, Ана Рош и нејзиниот ресторан Hiša Franko, доделени се две Мишелинови ѕвезди, со што може да се пофалат само 473 ресторани во светот, за современа интерпретација на словенечкото традиционално кулинарство.

По една Мишелинова ѕвезда добија рестораните: Hiša Denk, Pri Lojzetu, Vila Podvin, Dam и Atelje.

Фото: Pihabay