За да им помогне на дејностите што беа загрозени поради пандемијата, Словенија и оваа година издава ваучери, коишто би можеле да се користат, освен за сместување во туристички објекти и за културни и други содржини.
Се подготвува посебен закон којшто предвидува издавање на туристички ваучери што би се користеле во туризмот и угостителството, но се размислува и за нивна употреба за културни, спортски и рекреативни содржини, пренесува агенцијата Хина.
Владата на Словенија минатата година со посебен закон пред летото на граѓаните им издаваше бесплатни туристички ваучери коишто многумина ги искористиле во домашни капацитети, но само за сместување со појадок, при што полнолетните граѓаните добивале ваучер од 200, а малолетните во висина од 50 евра.
Поради рестрикциите и затворените хотели поради пандемијата, голем дел од минатогодишните ваучери што требаше да се потрошат до крајот на годината останаа неискористени, па владата ја дозволи нивната употреба и за оваа година.
Фото: Pexels











