Инвестициите од Словенија во Србија достигнаа 1,4 милијарди евра, додека српските компании на словенечкиот пазар до сега инвестирале 108 милиони евра.
Словенија е меѓу првите десет надворешно-трговски партнери на Србија, а размената на стока и услуги меѓу двете земји во 2013 година надминала една милијарда долари, велат за Бета од Стопанската комора на Србија, пренесува Б92.
Според податоците на Комората, на српскиот пазар работат околу 500 словенечки компании, кои вработуваат околу 35.000 луѓе. Поголеми словенечки инвестиии во Србија се Меркатор, Горење, Импол Севал, НЛБ, Триглав, Хелиос, Меркур…