Словенија ќе донира 700.000 евра за филтер станицата во Злетовица

53

Владата на Република Словенија се очекува да донира 700.000 евра грант средства преку меѓународниот центар за соработка. Донацијата ќе најде примена во реализацијата на втората фаза од Проектот за преадаптација на филтер станицата за прием на водите од хидросистемот Злетовица.

Дел до финансиите ќе бидат наменети за изработка на детални урбанистички планови во четири општини во источниот плански регион на Македонија.

“Имаме одлична соработка и на инсистирање на Владата на Македонија која најмногу го поддржува Истокот, Центарот се фокусираше токму на овој регион”, изјави Гашпар Геш, раководител на Меѓународниот центар за соработка на Р. Словенија.

Според изјавата на градоначалникот на Штип Зоран Алексов, донацијата од 700.000 евра е делумно финансирање во форма на грант од страна на Р. Словенија, односно износ кој што се движи од 30% до 50 % во зависност од проектот.

Владата на Р. Словенија досега го финасираше Проектот за ГИЗ, односно електронско вмрежување на 11-те општини, а во иднина се планира соработката да продолжи со донација за изградба на пречистителни станици за отпадните води во руралните средини.