Словенија ќе одлучува дали ќе ги продава уделите во 15 претпријатија

54

Adria_Airways_Head_OfficeСловенечкиот парламент, според најавите, денеска на вонредна седница ќе одлучува за иднината на 15 претпријатија во кои државата има сопственички удел, а кои според предлогот на Владата би оделе на продажба.

Станува збор за Телеком Словенија, Адриа ервејс, Елан, Аеродром Љубљана, Нова кредитна банка Марибор, Аеро, Фотона, Хелиос, Адриа ервејс техника, Цинкарна Цеље, Љубљански саем, Палома, Олимиа базени, Униор и Жито.