Словенија ќе воведува нови даноци

42

slovenija danokСловенија планира да воведе два нови даноци, на засладени безалкохолни пијалоци и на лотариски лозови, од кои се очекуваат дополнителни 31 милиони евра во државниот буџет. Данокот на шеќер и засладувачи кои се додаваат во безалкохолните пијалоци, на државата ќе и донесе 14 милиони евра на годишно ниво, а од дополнителниот данок од 10% на лозовите на државната и спортска лотарија се очекуваат 17 милиони евра, изјави министерот за финансии во оставка, Јанез Шуштершиќ.

Данокот во висина од едно евро за килограм шеќер, конкретно значи дека литар сладок безалкохолен пијалок со вообичаени 100 грама шеќер ќе поскапи за 10 евроценти, а двојно засладените за 20 евроценти. Данокот ќе се плаќа на сите слатки пијалоци, без разлика дали содржат шеќер или засладувачи. Исклучок ќе бидат само свежите сокови што се цедат на лице место.

Предлогот на новите даноци се уште е во јавна расправа, но се очекува парламентот наскоро да го потврди.