Словенија очекува 5,2% раст на БДП за оваа година

37

Словенечката централна банка ја зголеми проценката за раст на бруто домашниот производ (БДП) за 2,1 процентни поени и сега очекува скок на економската активност за 5,2% годинава.

Централната банка ги подигна проценките за раст и за следната година и тоа од 4,5 на 4,8%, при што словенечката економија повторно би можела да го достигне нивото од 2019 година. За 2023-та година, централната банка проектира раст од 3,1%.

Прогнозите за раст и понатаму ги следат високите ризици поврзани со пандемијата и геополитичките промени.

“Окружувањето и понатаму е неизвесно. Кога е пандемијата во прашање, неизвесноста се намали, но и понатаму е висока, а тука се и геополитичките случувања“, оцени вицегувернерот Јожеф Брадешко.

Се очекува главниот фактор за раст да биде домашната и странска потрошувачка што се очекува да зајакне. Планирано е и инфлацијата постепено да се зголемува, но и да остане во рамки на среднорочните цели на централната банка – за оваа година 1,3%, за следната 1,6 и за 2023-та година 1,7%.

Фото: Freepik