Словенија: По 100 евра за сите полнолетни, а по 50 евра за помладите од 18 години

33

Од понеделник поради подобрата епидемиолошка ситуација во Словенија повторно се дозволува работа на сите продавници и услуги во сите дејности, а со тоа и работата на ноќните клубови и дискотеки ќе биде ограничен до полноќ, објави словенечката влада.

Притоа услужните дејности, како што се фризерски и козметички салони ќе мораат еднаш неделно да ги тестираат вработените, а истата процедура ќе важи и за казината, угостителите, организаторите на саеми и конгреси.

Останува и обврската кај поголемиот број настани да учествуваат само гости кои се вакцинирани, прележале коронавирус или претходно се тестирани, а истиот услов важи и за сите собири на отворено на над 100 луѓе.

Словенечката влада го потврдила предлог законот за помош на економијата и туризмот во вредност од 243,5 милиони евра, а меѓу мерките се и бесплатни бонови што може да се користат во угостителство, туризам, за спортски и културни настани. Сите полнолетни жители ќе добијат и и бон во вредност од 100 евра, а помладите од 18 години по 50 евра.

Фото: Pexels