Словенија прогласена за прва зелена дестинација во светот

11

Словенија стана прва земја во светот што е прогласена за зелена дестинација, врз основа на проценката на холандската организација Green Destinations. Словенија исполни дури 96 од можните 100 критериуми кои се однесуваа на заштита на животната средина и потенцијали на одржлив туризам, јавува Slovenia Times.

Доделувањето на наградата беше во Љубљана, како дел од дводневната конференција Global Green Destinations Day.

Покрај Словенија, на листата најдобри зелени туристички дестинации се најдоа Холандија, Хрватска, Португалија, Канада, Чиле, Кина, Шпанија и Велика Британија.