Словенија: Во Кочевје ќе се гради фабрика за производство на индустриски роботи

59

yaskawa-1

Фото: Yaskawa-global.com

Во словенечкиот град Кочевје од оваа есен започнува изградба на фабрика за производство на индустриски роботи, пишува 24ur.com.

Станува збор за инвестиција на јапонската компанија Yaskawa во вредност од околу 25 милиони евра, а се очекува да обезбеди од 150 до 200 работни места. Првите индустриски роботи од оваа фабрика се очекува да бидат готови следната година.

Словенечките власти минатата година ја најавија изградбата на оваа фабрика.

Компаниите ќерки Yaskawa Slovenia и Yaskawa Ristro од градот Рибница, отворени во 1996 година, се во сопственост на јапонската компанија Yaskawa Electric Corporation – најголем светски производител на индустриски роботи.