Словенија загуби “вински“ спор од Хрватска

27

Општиот суд на Европската унија ја отфрли тужбата на Словенија против Европската комисија за случајот Теран, којшто претставува долгогодишен спор меѓу словенечките и хрватските винари, пренесуваат медиумите од регионот.

Одбиено е барањето на Словенија да ја поништи делегираната уредба на ЕУ околу условите за користење на терминот Теран на етикети од хрватско вино од градот Истра. Тужбата се однесувала на терминот Теран, којшто се користи и во Хрватска и во Словенија.

По влезот на Словенија во ЕУ, тој термин се користеше на етикети на некои од словенечките вина, најпрво како традиционално име за вино од Крас, произведено на одредено винско подрачје, а потоа е признаена и ознаката за заштитено географско подрачје.

Од судот појаснуваат дека Европската комисија им признала на винарите од Истра дека, и покрај противењето на Словенија, за своето традиционално вино што го нарекуваат теран да може да етикетите да се означува како Хрватска Истра – теран, а Словенија преку тужбата барала да се делегира уредбата со којашто може да се поништи таквото означување, бидејќи Словенија имала ексклузивно право на теран.

Словенија сега, по одбивање на тужбата, има право да поднесе жалба до општиот суд на ЕУ, но не е познато дали ќе го направи тоа.

Тужбата ја поднела поранешната влада на Миро Церар, додека во март е формирана нова влада на Јанез Јанша што се залага за мирно решавање на спорови.