Словенија затвора хотели, градинки, продавници…

32

Словенија во наредните денови ќе воведе нови рестрикции за да го спречи ширењето на коронавирусот, најави денеска премиерот Јанез Јанша.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, продавниците што не продаваат основни производи ќе бидат затворени, а истото ќе важи и за хотелите, градинките и студентските домови.  Се очекува мерките да бидат на сила една недела.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени над 1.660 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број на дневна основа.

Фото: Freepik