Словенска Железница со 7 милиони евра профит за пола година

18

Zelezniska stavkaВо првите шест месеци од годинава Словенска железница остварила оперативен профит од 4,2 милиони евра, EBITDA од 23, и нето профит од 7 милиони евра, што е навистина над очекувањата.

Во истиот период  лани, Железницата остварила губиток од 7,3 милиони евра, со што овогодинешниот резултат е за 8 милиони евра подобар од ланскиот.

Оперативните приходи достигнале вредност од  224 милиони евра и биле за скоро 9% поголеми од лани. На крајот на јуни 2013, во компанијата имало 345 вработени помалку во споредба со претходната година.

Во првото полугодие од 2013 година, компанијата превезла 8,16 милиони патници што е за 4,8% повеќе отколку во 2012.