Случајно влезе во бизнисот и стана милијардер преку едноставен производ

546
Business man counting dollar banknote - online business concept
Вонг Тек Сон, кој беше ко-основач на Riverstone Holdings во 1980-тите, минатиот месец стана петтиот милијардер во Малезија, а интересно е што тој направи богатство од производство на раквици.
Неговото богатство сега се проценува на 1,2 милијарди  долари, откако акциите на неговата компанија пораснаа скоро шест пати од март, благодарение на зголемената побарувачка за заштитни производи за време на пандемијата на коронавирус.
 
Кога станува збор за правење на раквици, Малезија е незаменлива: произведува околу 65% од светските резерви на гумени нараквици, а владата проценува дека извозот ќе се искачи за 45% оваа година.
Случајно основал компанија

Riverstone има годишен производствен капацитет од околу девет милијарди ракавици, според последниот годишен извештај. Добивката на компанијата повеќе од двојно се зголеми во првата половина од годината. Вонг стана ко-основач на компанијата во 1989 година, откако работел како хемичар за истражување и развој во компанија која набавувала производи за чистење. Тој не планирал да изгради сопствен бизнис.

“Можноста се отвори само затоа што компанијата за која работев затвори, и ни беше дадена можност да ги користиме нејзините производни линии“,рече тој во интервју во 2016 година.

Фото: Freepik