Smacircle S1, електричен велосипед што се собира во ранец

29

velosiped

Фото: Indiegogo

Кинеската компанија Smacircle претстави електричен велосипед којшто е компактен, лесно пренослив и може да се собере во ранец во пет чекори.

Smacircle S1 тежи само седум килограми и неговата рамка е направена од карбонски влакна. Опремен е со мотор од 240 волти, а со едно полнење на батеријата може да се поминат 19 километри. Smacircle S1 има вградени електронски сопирачки коишто овозможуваат побрзо и побезбедно запирање преку притискање на копчето за кочница.

Преку апликациите за  iOS и Android може да се отклучи и заклучи велосипедот, а интегрираниот USB полнач овозможува полнење на батеријата сместена во седиштето на велосипедот.

Поставен е на платформата за групно финансирање Indiegogo од каде треба да собере 30.000 долари, а досега има собрано над 107.800  долари.