Smart Bill – апликација за комуникација во реално време меѓу сметководители и претприемачи

12

lap-top-telefon-i-penkalo-pixabay

Фото: Pixabay

Романската електронска платформа за наплата, Smart Bill инвестираше еден милиони евра за развој на нова сметководствена апликација што овозможува комуникација во реално време меѓу сопственици на бизнис и сметководители, пишува Business review.

“Претприемачот може да издаде сметка директно од неговиот мобилен телефон, а фактурата во реално време пристигнува до клиентот и одделот задолжен за сметководство“, вели Раду Хасан, соосновач и главен извршен директор на Smart Bill.

Апликацијата е наменета за претприемачи, сопственици на мали и средни претпријатија и сметководители, а ќе овозможи автоматизирано пренесување на потребните податоци меѓу клиентите и сметководителите.