Smart toybox – паметна кутија за собирање детски играчки

419

toyboxes

Smart toybox е паметна кутија на група српски иноватори, којашто ги собира детските играчки и преку интерактивни игри ги подучува децата.

Кутијата точно знае колку играчки содржи, ги знае своите позиции и реагира на промените на нејзината локација. Smart toybox се поврзува со други вакви кутии и со мобилни уреди. Кутијата има и роботски способности, односно може да пее, да зборува, да се смее и ги повикува децата “да ја нахранат“ со играчки. Една од најважните функции е тоа што се обидува да создаде позитивен однос на децата кон уредноста.

smart-toybox-red

Паметната кутија може да се поврзе на Wi FI во домот и да биде интерактивна со сите мобилни уреди што ги имаат членовите во семејството. Заедно со кутијата, развиена е и апликација, преку којашто може да се контролира и прилагоди однесувањето на Smart toybox.

Додека децата учат да ја исчистат собата од нередот со играчките, со кутијата истовремено може да игра и други едукативни игри. Smart toybox е трпелив додека децата ги развиваат силните психо – моторни вештини.

Од компанијата велат дека Smart toybox ќе биде достапна во предпродажба од 17-ти октомври на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo, по цена од 69 евра. Сите заинтересирани можат претходно да се пријават на интернет страницата на компанијата за да можат да добијат попуст или да ја добијат кутијата целосно бесплатно.

smart-toybox-yellow