Smart up – Your story: Третата Smart Up Конференција ќе се одржи на 16 септември

8

smartup-960x480

SWT Алумни Македонија на 16 септември во Куршумли Ан, Стара Чаршија во Скопје, со почеток во 17.30 часот ја организира третата по ред Smart Up Конференција на тема Smart up – Your story. Smart up претставува уникатен концепт за мотивирање на младите, оттикнувајќи ги да ги развијат своите претприемачки вештини.

“Бидејќи младите се движечка сила во општеството, ние сме уверени дека овој концепт на мотивирање што се применува низ целиот свет, ќе биде успешен и во Македонија и дека ќе покаже резултати. Оваа година сакаме да ги инспирираме младите да бидат похрабри во донесувањето на нивните животни одлуки и да не се плашат од неуспехот, бидејќи лекциите научени од своите грешки може да ги направат посилни и подобро подготвени за новите предизвици”, велат од SWT Алумни Македонија.

11

На конференцијата, осумте најуспешни учесници на втората Start Up Академија ќе ги презентираат своите бизнис идеи. Конференцијата ќе ја отвори амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Џес Бејли.

USA Summer Work & Travel Алумни Македонија е непрофитна организација, формирана доброволно по иницијатива на US State Department, од група на млади студенти. Основна цел на SWT Алумни е создавање на интерактивни и развојни кариерни програми и иницијативи кои ќе им овозможат на младите целосно да ги развијат своите вештини и знаења за да можат полесно да ги имплементираат своите иновативни идеи на македонскиот пазар.