Smartgreen Tower – кула на батерија што ќе ги снабдува со струја и околните згради

34

kula-na-baterii

Smartgreen Tower е “зелена“ кула којашто има специјален акумулатор што ќе го складира вишокот на енергија создадена од сонцето.

Станува збор за концепт на архитектонското студио Frey Architekten, коешто заедно со компанијата Siemens и Институтот за соларна енергија Фраунховер, разви акумулатор за складирање на сончевата енергија, пишува Inhabitat.

Оваа зелена кула ќе има 16 ката, а самиот врв се наоѓа покрив на којшто има зеленило и фотонапонски панели што имаат моќ да апсорбираат дури и и најслаба сончева светлина. Освен на покривот, вакви панели ќе бидат поставени и на терасите од становите. Целокупната енергија ќе се складира во акумулатор со моќност од 0,5 mWh.

kula-na-baterija

Наместо да се користи стандардната наизменична струја (AC) за дистрибуција на електрична енергија, архитектите се одлучија за еднонасочна струја (DC), којашто ќе биде конвертирана во батеријата и потоа дистрибуирана на корисниците во зградата.

Вишокот енергија што ќе го создаде Smartgreen Tower ќе се користи за напојување на околните згради, што позитивно ќе влијае на енергетскиот биланс на населбата во градот Фрајбург.