Активниот инвестиционен хеџ фонд Engine 1, којшто ја критикуваше климатската стратегија на нафтениот гигант Exxon, доби поддршка од акционерите за промена на најмалку двајца директори во Управниот одбоr, што се смета за сериозен пораз за оваа некогаш моќна компанија.
Првпат во модерната американска историја една од најголемите нафтени компании се соочи со неодбранлив активистички предизвик од инвестиционен фонд, пренесува CNN.
Загрижен поради лошите финансиски резултати на Exxon и незаинтересираност за глобалните климатски проблеми, хеџ фондот на годишното собрание на акционери побара смена на дури четири директори.
Engine 1 ја критикуваше и неподготвеноста на Exxon да ги распореди и пренасочи своите активности кон обновливи извори на енергија. На крајот успеа да освои две места во Управниот одбор, а за другите две места ситуацијата и понатаму е неизвесна.
Смената на двајца директори во Управниот одбор на Exxon претставува силна порака за другите нафтени компании во момент кога Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека моментално би требало да се запре со експлоатација на нафта и гас со цел да се спречи климатска катастрофа.
Фото: Facebook