Смени во врвот на Мекдоналдс по падот на продажбата

25

Џен Филдс, претседател на Мекдоналдс Америка, се повлече од функцијата, откако компанијата покажа пад на продажбата во октовмври, прва по 2003 година. Филдс (57) ќе ја замени досегашниот глобален директор на рестораните, Џеф Стратон.

“Ова беше бизнис одлука”, изјави портпаролот на компанијата Хајди Баркер и додаде дека Филдс и извршниот директор Дон Томсон имале “долги разговори околу состојбата на бизнисот и дошле до заклучок дека е време да се направат промени во раководството на бизнисот во САД”.

Филдс во Мекдоналдс работи 35 години, а кариерата ја започнала на каса во ресторан. Функцијата претседател ја извршува од 2010 година.

И покрај отстапувањето од претседателската позиција, таа ќе остане активна во неколку одбори.

“Беше одличен лидер и инспирација за многу луѓе во компанијата. Но, почувствуваме дека е време за промени”, изјави Баркер.