SmrtFOB – модуларен безжичен полнач со повеќе функции

55

smrtfob

SmrtFOB е модуларен полнач што го потсетува корисникот кога треба да го наполни неговиот телефон и му овозможува безжично полнење.

Овој уред, со големина на приврзок, во себе содржи повеќе функции што ќе му бидат од голема корист на корисникот. Освен безжичното полнење, SmrtFOB може да се користи и како уред за надворешна меморија, паметно пронаоѓање на клучеви, а нуди и можност за разговори преку Bluetooth.

smrt fob

Потребната енергија SmrtFOB ја добива од мала платформа што се приклучува на струја, што не одзема многу простор и лесно се прилагодува на просторот.

Полначот, преку посебна апликација, е поврзан со паметниот уред на корисникот, по што му ги испраќа податоци за тоа каде му се клучевите, колку е полна неговата батерија и слично.

Зад неговиот дизајн стои канадскиот старт – ап SmrtFOB, којшто го постави уредот на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, од каде што бара поддршка од 100.000 долари.