Смрзнување во хотел од мраз за 800 евра од ноќ

31

hotel-pixabay

Фото: Pixabay (илустрација)

Во шведското село Јукасјаерви, на самиот север на земјата, дваесетина работници градат хотел од блокови мраз кој ќе се стопи во пролет со првото затоплување.

Архитектите замислија огромно игло, неколку ледени куполи, бар и повеќе сали, па дури и мала капела во која неколку месеци ќе можат да се склучуваат бракови и да се прават крштевки. Хотелот од мраз ќе ги отвори вратите на 7 декември и ќе работи до 13 април. Хотелот ќе има 47 соби, а госите ќе спијат на кревети покриени со крзно од лисица, во крзнени вреќи за спиење.

При заминување од хотелот, гостите ќе добијат потврда дека ја минале ноќта на -7 степени целзиусови. Надвор температурата паѓа и до – 40, но во хотелот е “топло”, најниско што може да падне температурата е – 8.

Едно ноќевање во овој хотел ќе чини од 255 до 810 евра.