Со анализа на здивот преку LEVL до полесно слабеење

25

levl-fb

Фото: Facebook

LEVL е иновативен уред што му помага на корисникот да ослабне преку анализа на неговиот здив. Станува збор за уред што прави анализа на гасовите во здивот на корисникот и во неговата структура го оценува нивото на ацетон.

Некои истражувања ја покажуваат поврзаноста на присуството на ацетон во здивот со степенот на согорување на маснотиите во телото.

Со помош на LEVL, корисникот може да направи ефикасен план на вежби и исхрана во домашни услови.

За да може уредот да пресмета, потребно е корисникот да дувне во посебниот додаток и истиот да се стави на анализа. Резултатите се готови за 15 секунди, а целосната хемиска анализа на согорување на маснотиите се доставува на мобилниот уред на корисникот.

LEVL е достапен за потрошувачите во Сиетл, а наскоро се очекува да се прошири низ другите земји во САД. Цената на уредот е 699 долари, а дополнителниот сензор чини 49 долари.