Со апликација во борба против работата “на црно“

44

rabota na crno

Ниту еден работодавач во Србија повеќе нема да може да ги сокрие незаконски вработените лица доколку се применува електронската апликација што ја подготви тим од Централниот регистар за социјално осигурување, пишува РТС.

Трудовите инспектори, со помош на апликацијата, ќе можат да проверат дали работодавачот го пријавил вработениот за социјално осигурување.

Првиот чекор што треба да се направи е поврзување на картичката со електронски потпис на инспекторот со компјутерот. Потоа инспекторите може да ги добијат податоците за осигуреникот и неговата пријава, за тоа кој е осигурен во одреден период или одреден датум, како и извештај за бројот на сторнирани осигурувања во текот на денот.

Праксата покажала дека постојат ситуации кога обврзниците за потребите на одреден тендер пријавуваат 50-тина лица, а потоа истиот ден ги сторнираат, само за потребите на тендерот.

Новата технологија, како што се наведува, е воведена без големи трошоци. Апликацијата, на која три месеци работеа двајца програмери, ги почитува прописите за заштита на личните податоци.