Со асфалт во посветла боја до намалување на температурите во градовите

24

avtopat 1

Иако постојат многу фактори што придонесуваат за зголемување на температурата во градовите, еден од најприсутните е вжештениот асфалт. Во просек, асфалтот покрива од 24% до 35% од површините на градовите и во текот на денот впива голема количина на топлина. Акумулираната топлина ја ослободува во текот на ноќта со што ја зголемува температурата во урбаните средини.

Поради тоа, во Австралија започна проектот Cool Change Cities, кој предлага да се користи асфалт во посветла боја за да се намали температурата во градовите. Доколку покрај светлата површина се посадат и дрвја, освен намалување на температурата ќе се намали и потрошувачката на енергија, пишува порталот Croenergo.eu.

Лидерот на проектот, Мајкл Мобс, вели дека со осветлување на бојата на асфалтот ќе се заштедат дури 57 милиони долари. Доколку на тоа се додаде и иницијативата за премачкување на кровните конструкции со светли премази, заштедата ќе биде уште поголема, без да се инвестира голема сума на пари.