Со чии акции најмногу се тргуваше оваа недела?

99

Акциите на Комерцијална банка, Макпетрол, Скопски пазар, НЛБ Банка и Алкалоид се најтргувани на Македонска берза, во период од 15-ти до 19-ти јуни, покажува Неделниот преглед.

Вкупниот промет во текот на оваа трговска недела се позиционираше на 1.921.688 евра или 18,54% помалку во однос на претходната недела. Кај вкупниот број на трансакции (416) има неделен пад од 24,91%. Пазарната капитализација, во периодот од 15-ти до 19-ти јуни, беше 3.198.899.654 евра или 0,20% повеќе во споредба со претходната недела. Пазарната капитализација денеска се позиционираше на 1.715.221.299 евра или 4,92% помалку во споредба со истиот период минатиот месец. Индексот МБИ 10 денеска достигна 4.089,92 поени или 0,05% повеќе во споредба со претходната недела.

Фото: Freepik