Со еден хаштаг му ја зголеми вредноста на биткоинот за 20%

121

Вредноста на биткоинот забележа пораст за дури 20% откако Илон Маск стави хатшаг #bitcoin на својот Twitter профил. Виртуелната валута забележа скок околу 8:30 часот по средноевропско време, при што во рок од само еден час неговата вредност порасна за 5.000 долари на 37.299 долари, покажуваат податоците на CoinDesk.

Дигиталната валута во текот на трговскиот ден продолжи да расте, достигнувајќи 37.653 долари во 13 часот по средноевропско време.

И покрај денешниот скок на вредноста, биткоинот е за околу 13% под вредноста на рекордното ниво од 41.490 долари на почетокот на јануари, додека од почетокот на годината зајакна за околу 25%.

Хаштагот на Маск доаѓа по гласините околу тоа дали директорот на Tesla ќе купи биткоини или ќе ја воведе оваа крипто валута во билансот на состојба на компанијата што произведува електрични автомобили.

Милијардерот го ставил хаштагот по размена на пораки на Twitter со Мајкл Сејлор, извршен директор на софтверска компанија, до којшто дошло по твитот на Маск дека е во искушение да ја купи оваа виртуелна валута.

“Ако сакате на своите акционери да им направите добро од 100 милијарди долари, конвертирајте го билансот на состојба на Tesla од долари во биткоини“, напиша Сејлор, на што Маск му одговори: “Дали воопшто е возможно да се направи толку голема трансакција?“.

Фото: Twitter