Со колку пари најмоќните економии ќе закрепнуваат од корона кризата?

19

Дури и најсилните економии ги чувствуваат силните удари што зад себе ги остава коронавирусот, којшто се прошири низ целиот свет.

Порталот Howmuch.net ги одвои најсилните финансиски инјекции што ќе биде вбризгани во најмоќните економии.

Американскиот претседател, Доналд Трамп неодамна го стави својот потпис на пакет за финансиска помош вреден над две илјади милијарди долари, што е најголем во историјата на оваа земја. Европската централна банка ќе потроши околу една илјада милијарди евра на обврзници издадени од земји членки на евро зоната во следните девет месеци. Канада на своите жители, погодени од корона кризата, им гарантира по 2.000 канадски долари месечно. Австралија, пак, предвидува по 1.500 долари по вработен на секои две недели за оние компании што се соочуваат со сериозни проблеми предизвикани од пандемијата.

Петте земји со најголеми програми за стимулирање на економијата, погодена од корона кризата се:

САД со 2,3 илјади милијарди долари или 11% од вредноста на бруто домашниот производ

Германија со 189,3 милијарди долари или 4,9% од БДП

Кина со 169,7 милијарди долари или 1,2% од БДП

Канада со 145,4 милијарди долари или 8,4% од БДП