Со коучинг до поголем успех во бизнисот кај жените претприемачи

38

img_3194

Преку демо – сесиите организирани од коучи лиценцирани за коучинг програмата за зголемена продажба, околу 30 бизниси во сопственост или управувани од жени одблиску се запознаа со можностите што ги нуди коучингот за зголемена продажба, стои во соопштението.

Осум сертифицирани коучи накратко ја презентираа методологијата на работа, како и можностите за зголемување на продажбата и потенцијалот за развој на нивниот бизнис.

Според Ристо Иванов, креатор на коучинг програмата за зголемена продажба, иницијативата, храброста и креативноста се темелите и одликите на добар претприемач.

“Коучингот за зголемување на продажбата јасно го таргетира потенцијалот на жената претприемач и преку коучинг процесот помага да се ослободат скриените извори на продуктивност и ефикасност во бизнисот. Коучот и жената претприемач работејќи заедно во иста насока и кон иста цел ја зголемуваат веројатноста за постигнување успех во бизнисот. Она што коучинг програмата за зголемување на  продажбата ја прави поразлична од другите видови коучинг е во тоа што оваа програма гарантира успех“, вели Иванов.

Во изминатиот период коучинг програма за зголемување на продажбата беше успешно спроведена со седум компании и кај сите беа постигнати одлични резултати, кај некои со зголемување на продажбата од 40%, кај некои со подобра организираност, намалување на работното време а зголемување на профитот, како и дополнителни договори и клиенти.

Овие коучинг сесии беа поддржани и кофинансирани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Свисконтакт и Преда Плус. Оваа година ИМЕ Програмата планира да овозможи дополнителна поддршка на 50 жени претприемачи преку ко -финансирање на коучинг за бизнисите во сопственост или управувани од жени кои работат во еден од секторите во кои работи и ИМЕ програмата: зелена економија, креативни индустрии и туризам и угостителство. Во план е да се организираат и дополнителни демо – сесии за промоција на коучингот за зголемена продажба.