Со MarketKonekt сега купувате онлајн и ги добивате производите на ваша адреса

127

По успешното воведување на пазарот и воспоставување на соработка со над 3.000 македонски компании, домашниот онлајн маркет MarketKonekt.com воведува нови услуги за корисниците на сајтот. Отсега преку сервисот SHOP.marketkonekt.com купувачите онлајн нарачуваат производи од компаниите, одбираат начин на плаќање и ги добиваат “на врата” во рок од 24 до 48 часа. Новите услуги се дополнение на веќе посточките – преку MarketKonekt корисниците брзо и лесно го наоѓаат производот што им е потребен од 50.000 различни производи на сајтот. Можат да споредуваат цени и карактеристики, директно да контактираат со продавачите и да побараат понуди за конкретен производ.

pr

“Платформата за онлајн трговија MarketKonekt може да ја користи секоја фирма во Македонија, без разлика на големина и дејност. Единствен услов е да има желба да ги понуди своите производи за продажба и преку Интернет, со што се обраќа до многу повеќе купувачи и добива можност за зголемена продажба. Нашите трговци ретко ја користат интернет трговијата, но таа е мошне значајна за компаниите насекаде низ светот и е во постојан пораст. И домашните компании ќе треба да се приклучат кон овој современ начин на продажба за да ги унапредуваат своите бизниси”, вели Владимир Вецовски, директор на компанијата Р3 Инфомедиа, сопственик на MarketKonekt.

Услугите на SHOP.marketkonekt.com се прилагодени и на потрошувачите и на фимите кога купуваат за свои потреби. На едноставен и безбеден начин нарачуваат производи и плаќаат директно на продавачите, по еднакви или пониски цени од оние во продавниците. Избираат начин на плаќање кој најмногу им одговара: во готово (при испорака на производот), авансно (со вирман) или на продажно место (по претходна резервација), а наскоро и со платежни картички. На крај, за само еден до два дена купениот производ ќе им биде доставен дома или во канцеларија.

Целта на MarketKonekt е да ги поврзе купувачите и продавачите на едно централно место за онлајн трговија и да им овозможи единствени бенефити – купувачите добиваат огромен избор на производи, а продавачите многу поголем пазар.

MarketKonekt е најнов производ на Р3 Инфомедиа, компанија во чија сопственост се и производот Златна Книга и услугата Информации 1188.