Со овие акции најмногу се тргуваше на берзата оваа недела

44

Петте најтргувани акции оваа недела беа оние на: Комерцијална банка, Макпетрол, Алкалоид, НЛБ Банка и Гранит, покажува неделниот преглед.

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од четврти до осми мај оваа година, достигна 1.013.043 евра или 69,24% помалку во однос на претходната недела, покажува неделниот преглед.

Во текот на трговската недела се реализирани 348 трансакции или 39,90% помалку во споредба со претходната недела, додека кај пазарната капитализација (3.221.012.780 евра) или намалување од 0,07%. Пазарната капитализација на затворање на трговската недела (08.05) се позиционираше на 1.804.297.494 евра или 8,28% повеќе на месечно ниво.

Индексот МБИ 10 заврши со 4.359,33 поени или пад од 2,34% на неделно ниво.