Со овие акции најмногу се тргуваше оваа недела

47

Петте најтргувани акции на Македонска берза беа оние на Алкалоид, НЛБ Банка, Комерцијална банка, Гранит и УНИ банка, покажува Неделниот преглед.

Вкупниот промет, во период од 18-ти до 22-ри мај, се позиционираше на 1.984.829 евра, што е намалување од 38,43%. Пад од 0,76% има кај вкупниот број на трансакции – 393.

Пазарната капитализација, оваа трговска недела, достигна вредност од 3.285.679.610 евра или 2,54% во споредба со претходната недела. Пазарната капитализација на 22-ри мај беше 1.798.021.504 евра или 9,33% скок во споредба со истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ10 се позиционираше на 4.318,17 поени или 0,11% помалку во однос на претходната недела.

Фото: Freepik