Со овие акции најмногу се тргуваше во јуни

48

Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, Гранит и НЛБ Банка се петте најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во јуни, покажува Месечниот статистички билтен.

Со акциите на Комерцијална банка се реализирани 554 трансакции или 33,68% учество во вкупниот промет. Втори најтргувани беа акциите на Алкалоид со 246 трансакции или 17,66% учество во вкупниот промет на официјалниот пазар. Со 132 трансакции, трети најтргувани се акциите на Макпетрол со 11,74% учество во вкупниот промет.

Најголем пораст во текот на јуни имаа акциите на: Уготур (26,32%), Макстил (16,67%), Пекабеско (2,99%), Ветекс (2,96%) и Реплек (2,50%).

Од друга страна, најголем пад имаа овие акции: Окта (-15,82%), ЗК Пелагонија (-13,79%), Стопанска банка Скопје (-11,28%), Тетекс од  Тетово (-9,96%) и РЖ Услуги (9,09%).

Пазарната капитализација во јуни беше 172.736.531.720 денари или 3,44% помалку во однос на претходниот месец. Прометот е намален за 6,36% и се позиционираше на 445.771.892 денари. Кај бројот на трансакции има пораст од 7,66% и вкупно се реализирани 1.546. Индексот МБИ 10 достигна 4.116,66 поени или 3,43% помалку во споредба со еден мај.

Фото: Freepik