Со подобрување на организациската поддршка и економско јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност

30

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настанот насловен „Зајакнување на прилагодливоста и растот на микро, малите и средните претпријатија“ во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ што го спроведува Консалтинг за стратешки развој со финансиска поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој-УСАИД

Министерот Бектеши во своето обраќање потенцираше дека преку подобрување на мерките за ублажување на негативното влијание на кризите, подобрување на организациската поддршка и економскиот јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност и инклузивност.

“Денеска имаме прилика да го проследиме настанот кој во континуитет се имплементираше заедно со УСАИД за зајакнување на капацитетите во делот на еко-системот, во делот на поддршка на сите наши асоцијации се со цел да им излезат во пресрет попрофеисонално и на најдобар можен начин на нашите микро и мали компании. Ние како Министерство за економија целосно ги поддржуваме ваквите проекти имајќи предвид дека дизјанираме мерки се со цел да имаме одржлив економски развој, а посебно да се излезе во пресрет на потребите на микро и малите компании кои се и двигатели на економскиот развој во нашата држава, и кои креираат најмногу работни места во нашата држава“ кажа министерот.

Бектеши потенцираше дека Министерството за економија имајќи го предвид значењето на Микро, малите и средните претпријатија  и на  претприемништвото како двигатели на економијата, превзема  разни мерки и активности за финансиска и нефинансиска поддршка со цел унапредување и подобрување на конкурентоста на претпријатијата преку поддршка за имплементирање на стандардите за квалитет, за набавка на нова и модерна опрема, како и за јакнење на институционалната инфраструктура за поддршка на ММСП, претприемништвото и занетчиството.

Посочи дека треба во континуитет да се креирата можности и да се работи на поддршка на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, а секако и развој на оние жени кои веќе поседуваат некаков бизнис.

“Благодарение на успешната соработка во изминатиот проектен циклус, Министерството за економија, од септември 2022-ра година ја продолжува соработката во рамките на новиот проект „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД со цел понатамошно јакнење на деловните здруженија како клучни партнери во креирањето на политиките за зголемена конкурентност и продуктивност на микро, малите и средни претпријатија“ кажа министерот.