Со сертификатите на Certiadria се докажува дигиталната писменост

266
kiki
Христина Керкез, менаџер за развој во Certiadria

Certiadria е регионална едукативна и сертификациона компанија во ИТ индустријата во Јадранскиот регион. Компанијата е релативно млада, основана е во Скопје во 2012 година, а главна цел и е преку соработка со едукативни институции и комерцијални компании од Јадранскиот регион да им овозможи на вработените и студентите да ги демонстрираат своите компјутерски и интернет познавања, да ги валидираат нивните вештини и продуктивност и да ги постават на патот кон понапредни сертифицирања. Ова преку мотото на Certiadria би звучело вака: Making people more employable, making business more professional (Ги правиме луѓето подобри кандидати за вработување, бизнисите попрофесионални).

“Certiadria е македонска компанија, но работиме интернационално, во 10 земји во регионот. Освен во Македонија, присутни сме и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Малта, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Во сите овие земји отвораме авторизирани Certiport тестинг центри во кои доаѓаат крајни корисници кои полагаат и добиваат сертификати. Најмногу работиме со академски институции или со едукативни институции и веќе можеме да се пофалиме дека работиме со 50 до 80 еду – институции во регионот, со најголемите од сите земји “, вели Христина Керкез, менаџер за развој.

1

Certiadria е овластен партнер на Certiport за Јадранскиот регион. Certiport е светски лидер на пазарот на сертификациски испити и подготвителни тестови за образовни институции, организации за развој на работна сила и технолошки ориентирани комерцијални центри. Certiport креира и маркетира сертификациски програми за водечките компании во ИТ индустријата: Microsoft® Office Specialist, Microsoft® Technology Associate, Microsoft Certified Educator, Adobe® Certified Associate, Adobe® Certified Expert, IC3 Digital Literacy certification, HP Accredited Technical Associate, CompTIA Strata™IT Fundamentals, Autodesk® Certified User, Intuit® QuickBooks Certified User.

“Во светот постојат три големи компании за ИТ сертификација. Тоа се Prometric, Pearson VUE и Certiport. Сите работат со големи вендори како Microsoft, Oracle, Java, Adobe, Autodesk, Cisco… Всушност, сите вендори кои имаат испити и доделуваат сертификати одат преку овие три сертификациски куќи. Prometric и VUE имаат IT Pro испити и се генерално насочени кон IT професионалци, додека Certiport се разликува по тоа што има испити и сертификати што се однесуваат на поширока група на луѓе, не се исклучиво за експерти или IT луѓе. Работиме со програмите на Adobe во делот на креативните индустрии, Autodesk за архитекти и инженери, имаме неколку програми на Microsoft, меѓу кои првиот во IT индустијата Microsoft Technology Associate, Microsoft Certified Educator за наставници и најпопуларниот испит во индустријата, Microsoft Office Specialist кој е наменет за сите оние кои сакаат да докажат дигитална писменост или знаење за работа во најпознатата апликација на светот за компјутерско работење Microsoft Office”, објаснува Керкез.

2

Мотивот на постоење на Certiadria е канализирањето на работната сила преку сертификацијата до индустријата. Компанијата е посветена на создавање на широка мрежа на квалитетни и независни авторизирани тестинг центри кои знаат како најдобро да излезат во пресрет на индивидуалните потреби на кандидатите следејќи ја брзината на променливата бизнис клима.

“Дигиталната писменост е нешто за што многу се зборува во последно време, особено во Eвропска унијa. Дека сме дигитално писмени ќе мора да докажуваме како што докажуваме познавање на странски јазик. Во 2020 година, 90% од работните места ќе бараат работа на компјутер. За разлика од европските земји, културата на сертификација овде беше на многу ниско ниво, па заедно со вендорите тргнавме заеднички да зборуваме за ова, да ги промовираме испитите и сертификатите и ефектот веќе е видлив. Од друга страна, кога на еден пазар излегуваат генерации со Microsoft сертификати и тргнуваат да бараат работа, индустријата тоа го препознава и поставува стандарди. Работиме на тоа сертифицирањето да го институционализираме, односно и државата да го препознае како стандард, како што е случајот во Македонија. Тоа се обидуваме да го направиме и во земјите во кои работиме, за да може европските стандарди да ги наметнеме во регионот”, вели Христина Керкез.

За да може да го прошири тимот и побрзо да продира на пазарот, минатиот месец во оваа компанија инвестираше Micro Investment Fund (MIF/МИФ), кој е финансиран од страна на УСАИД и е во рамки на Проектот на УСАИД за развој на микро и мали претпријатија. Инвестицијата на МИФ ќе овозможи раст на бизнисот и се очекува компанијата да вработи околу 5-7 нови вработени во наредните четири до пет години.

Во 2013 Certiadria доби две глобални награди, беше наградена од HP со наградата HP Institute Enterpreneur Award како признание за поддршката и имплементацијата на HP Institute во едукативните центри во земјите во кои работи. Истата година, Certiadria доби признание и од Certiport, наградата Building Foundation of Success 2013, која дополнително го мотивираше тимот на Certiadria да работи уште поенергично.

4

За фондот: Micro Investment Fund (MIF/МИФ) е Приватен Инвестициски Фонд (Private Equity Fund) формиран во јуни 2012 година со почетен капитал од 800.000 американски долари. Истиот е финансиран од страна на УСАИД и е во рамки на Проектот за развој на микро и мали претпријатија. Развојната цел на фондот е да го забрза креирањето на нови одржливи работни места преку инвестирање и поддршка на брзорастечки компании со потенцијал за понатамошен раст. Фондот инвестира во компании кои имаат реален потенцијал за раст и развој, потенцијал/атрактивност во индустријата во која е активна, конкурентската предност и профитабилност на производот, како и добро организиран и искусен менаџерски тим/сопственици со интегритет, отворени за партнерство, прифаќање на нови идеи и покажување на желба за напредок. Структурата на инвестицијата на Фондот е т.н. мезанин инвестиција (комбинација на кредит и капитал). Моделот на мезанин инвестиција ќе ги таргетира постоечките микро компании кои имаат потенцијал за раст, а истовремено недоволно колатерал за да добијат банкарски кредит. Фондот е активен партнер во фирмите каде што инвестира и учествува во донесувањето на клучните одлуки, како и во креирање на стратегија за развој.

Фондот може да инвестира само во македонски приватни компании, преку превземање на активна, малцинска сопственост не помалку од 10% од сопственоста на компанијата. Со одредени исклучоци, инвестициониот опсег на инвестиции по поединечна компанија може да биде помеѓу 50.000 и 100.000 американски долари, вклучувајќи ги и дополнителните инвестиции во било која портфолио компанија.