Со што се занимава помладиот брат на Илон Маск?

99

Целиот свет добро го познава Илон Маск, првиот човек на фабриката за електрични автомобили Tesla, но малкумина знаат за неговиот помлад брат. Кимбал Маск во 2016-та година ја основаше компанијата Square Roots, затворена урбана фарма во Бруклин, пишува CNN.

Една година подоцна, тој од Светскиот економски форум, го доби признанието Global social entrepreneur (глобален социјален претприемач). Мисијата на неговата компанија е да обезбеди свежа, локална храна во градовите низ светот, поттикнувајќи ги младите генерации да учествуваат во овие таканаречени урбани градини.

“Кога бев дете, единствениот начин да се собере и поврзе семејството беше преку подготовка на храна“, вели Маск помладиот, додавајќи дека во моментот кога тој и неговиот брат ја продале нивната прва интернет компанија, Zip2, бил сигурен дека сака да се занимава со храна.

Неговата компанија планира да отвори Super Farm, 25 контејнери со контролирана температура, соодветна инфраструктура и сè што е неопходно да развој на вертикална градина за помалку од три месеци.

Во Square Roots досега се одгледани над 120 видови на растенија, меѓу кои има билки, зеленчук и јагоди.

Фото: Facebook