Фото: Pixabay
Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите во Р. Македонија е како да ги наплатат продадените услуги и производи, што директно ја условува нивната ликвидност. За жал, голем број мали и средни претпријатија во Р. Македонија секојдневно се затвораат поради проблемот со тековната ликвидност.
Ако компаниите не успеваат да ги наплатат своите побарувања, тогаш истите се соочени со недостиг на средства за финансирање на секојдневните операции, со што е загрозена егзистенцијата на компанијата. Во услови на економска криза, кога се потешко се наплатуваат побарувањата, наплатата добива се поголемо значење. Поради овој факт, компаниите се соочуваат со предизвикот како до подобра наплата на услугите и добрата.
Единствен механизам за поефикасна наплата е внимателно осмислување и поставување на системот на наплата на побарувањата на фирмата. Во овој сегмент, посебно внимание треба да посветат микро и малите компании кои самостојно се ангажираат за наплата на побарувањата. Системот на наплата во овие компании треба да биде прецизно организиран и строго систематизиран.
Системот за градење на наплата вклучува различни методи на наплата, следење на резултатите и употреба на различни алатки за комуникација со должниците. Во процесот на наплата, важно е компаниите да имаат активен однос кон своите побарувањата, со цел да се обезбеди континуитет и конзистентност во контактите со должниците.
Тоа што на фирмите им е неопходно, а што Pantheon како современо деловно решение го нуди се следниве функционалности:
– Дневна ажурност на побарувањата, без разлика дали фирмата има сопствено сметководство или користи ваква услуга од сметководствено биро
– Брз преглед на структурата на побарувањата (по доспеаност), во форма на контролни табли и графикони
– Алатка за евиденција на секој повик кон должниците
– Алатка за синхронизација на повиците, доколку во фирмата повеќе луѓе се јавуваат за наплата
– Брзо испраќање на Извод на Отворени Ставки (ИОС) по е-маил
– Генерирање на СМС пораки кон должниците во зависност од староста на долгот. На ваков начин клиентите со најстар долг ќе добијат најостар СМС, додека фирмите со неколкудневно доцнење само порака дека им е доспеан долгот.
Дополнителен предизвик со кој се соочуваат малите и средни претпријатија е располагањето со тековни информации за нивните побарувања. Моделот во кој што работат поголемиот број на микро и мали компании во Р. Македонија, подразбира аутсорсирање на финансиските и сметководствените работи. Она што сме навикнати да го гледаме во ваквиот модел на работење е креирање на документација во два различни системи – компанијата своите документи ги креира во еден програм, а по доставата на документацијата во сметководственото биро, истата се обработува во друг систем. На ваков начин, периодот од настанување на одредено побарување, обработката на овој податок и информацијата за состојбата на побарувањата во компанијата трае многу долго и компаниите речиси никогаш немаат тековни информации на дневно ниво.
Во светот ова веќе е докажана практика, компаниите и нивните сметководствени бироа да бидат поврзани во ист систем. За среќа, и во Р. Македонија е достапно решение кое им овозможува поврзано работење на компаниите и сметководствените бироа, кое на македонскиот пазар е достапно преку заедничка соработка на Даталаб МК и Македонски Телеком. Со користење на PANTHEON Cloud, сметководственото биро автоматски ги презема податоците од компанијата кој е нејзин комитент преку употребата на заедничка база на податоци, така што секој го внесува само тоа што нему му е потребно, и го користи сработеното на другиот, со што се заштедува многу време, а воедно се избегнува и хартиена размена на документи и доцнења. На ваков начин малите и средни претпријатија се осигурени дека располагаат со тековни и ажурни информации за својот бизнис.
Во PANTHEON Cloud е вградена алатка која на компаниите им помага на организиран, систематизиран и прегледен начин да ја организираат наплатата. Преку модулот “Наплата“ компаниите им се достапни:
- Евиденција на сите обиди за наплата на побарувањата и коментари од купувачот
- Следење на динамиката на плаќање
- Следење на ветени плаќања и нивна реализација
- Хронолошки преглед на телефонските контакти со купувачите
- Преглед на сите обиди за наплата на побарувањата по референти
- Директно испраќање на финансиски извештаи по е-маил – конто картица, отворени ставки
- Можност за автоматско испраќање на Опомени за доспеан долг
- Филтрирање на купувачите и побарувањата по различни критериуми – минимален износ, задоцнувања, периоди од последен повик, период на доспевање и сл.