Преносната мрежа на електроенергетскиот систем на АД МЕПСО ќе се реконструира и модернизира со помош на заем од Европската банка за обнова и развој од 25 милиони евра.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денес го поддржа предлог-законот за задолжување на компанијата кај ЕБОР без државна гаранција.
Покрај овој заем, ревитализацијата ќе се реализира и со 15,5 илјади евра од буџетот на АД МЕПСО.
Рокот на исплата на заемот е 15 години, со грејс период од три години и каматна стапка од три проценти плус шестмесечен евролибор. Отплатата почнува од 20 декември 2016 година.
“Со потпишувањето на договорот за заем и со оставрувањето на овој проект се очекува зголемена сигурност и подобар квалитет во снабдувањето со електрична енергија и намалувањето на можните штети што би настанале заради неефикасното испорачување на електрична енергија”, истакна заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини.