Со зајакнување на АЕК и СРД до подобра заштита за крајните корисници

36

orav-ivanovski-ordanovski-675x320Европската унија почнува со реализација на проект за зајакнување на административните капацитети на двете регулаторни тела во државата (АЕК и СРД), кој ќе се спроведува во следните 18 месеци.

Проектот има за цел да се подобри заштитата на крајните корисници и да се постигне поголема конкуретност на пазарот.

“Независноста на регулаторите од политиката, нивната финансиска одржливост и нивниот непристасен третман од пазарните оператори се начела кои треба да го водат напредокот во однос на функционирањето на регулаторите. Подобрувањето на конкретноста на пазарот и зајакнувањето на заштитата на потрошувачите значи дека средината во којашто функционираат операторите и во која потрошувачите ги користат услугите, ќе даде чувство на непристрасност и најдобри цени”, истакна евроамбасадорот Аиво Орав на денешната презентација на проектот.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, Македонија има направено многу во делот на дигитализацијата на медиумите и делот на телекомуникациите за што потврда е и последниот извештај на Европската унија.

“Низата проекти што ги спроведувавме претставуваат континуиран напредок во исполнувањето на стандардите и препораките на Европската унија како наша долгорочна цел и стремеж. Последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија регистрира позитивни движења во интернет и мобилните услуги и напредок во оваа област. Секако постојат и слабости кои во наредниот период ќе треба да ги надминеме на кои сме сериозно посветени во насока на нивно решавање”, истакна Ивановски.

Министерот посочи дека Македонија е првата земја во регионот која го има воведено дигиталниот сигнал во медиумското работење и оти расне бројот на интернет корисниците, а од втората половина на идната година се очекува да се воведе и 4G во мобилната телефонија.

Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, очекува да бидат применети европските искуства со кои функционирањето на ова регулаторно тело ќе се подигне на уште повисоко ниво.

“Од 2005 година, АЕК постои како независен регулатор. Очекуваме примената на европските принципи и стандарди во АЕК да допринесат до повисоко ниво. Ефикасноста на Агенцијата е подигната на највисоко ниво. Исто така пазарот е добро регулиран во фиксната и во мобилната телефонија, а почнуваме и со воведувањето на 4G”, рече Ордановски.

Советот за радиодофузија ќе ја искористи поддршката од ЕУ за изработка на сите подзаконски акти кои произлегуваат од законската регулатива со Директивата за адудиовизиелни медиумски услуги и ќе се фокусира на подигнување на медиумската писменост во Македонија.