Со зголемување на побарувачката до подобрување на економијата

53

Една од последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус е масовниот пад на цените, за што се одлучуваат многу компании, затоа што падот на побарувачката им се заканува повеќе од проблемите поврзани со нарушувања на синџирот на снабдување, се вели во студијата на институтот IFO (Institute for Economic Research).

“Резултатите од нашето истражување сугерираат дека мерките на економската политика за зајакнување на побарувачката можат значително да помогнат во стабилизирање на економијата“, изјави Себастијан Линк, истражувач и коавтор на студијата која ја објавува IFO.

Слабата побарувачка зема поголем данок од компаниите погодени од корона-кризата отколку недостигот на работни часови или нарушувања на синџирот на снабдување, предизвикани од пандемијата, се наведува во соопштението од Институтот.

“Нашите наоди покажуваат дека компаниите кои се погодени од кризата, веројатно ќе ги намалуваат цените“, објаснува Линк. Тој дополнува дека политиката на намалување на цените е присутна во сите сектори, но е најизразена во големопродажбата и малопродажбата.

Фото: Pixabay