Соберете пред сите е еден од производите на Стопанска банка а.д. Битола што на клиентите им нуди соодветно решение при вложување на нивните средства.
“Овој производ овозможува сите предности од орочување на вашите пари да ги почувствувате во моментот на орочување. Со оваа единствена понуда на Стопанска банка а.д. Битола, каматата за орочените средства целосно ја добивате однапред, на денот на вложување на вашите пари. Овој депозитен производ со антиципативна пресметка на каматата овозможува орочување на вашите пари во МКД/ЕУР и е поволен за сите оние кои се одлучиле да ги заштедат своите пари, воедно искористувајќи ја оваа бенефиција којашто ја нуди Стопанска банка а.д. Битола“, стои во соопштението.
Периодот на орочување на депозитот со антиципативна пресметка на каматна стапка е 15 месеци, а минималниот задолжителен влог изнесува 6.000 денари или 100 евра.
Каматната стапка изнесува МКД 2%/ЕУР 1,5%. Истата е фиксна за целиот период на времетраење, а на годишно ниво изнесува МКД 1,6%/ ЕУР 1,2%.