Собрани повеќе од 3.000 пластични шишиња на еко-фестивалот Sound of green

19

_TOM6669Во летниот клуб Хавана, втора година по ред се одржа еко фестивалот Sound of green во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак. Под мотото Биди рециклајзер, пред скопската публика настапија повеќе македонски бендови како String Forces, Новиот почеток, Foolish Green и Conquering lion.

Она што беше интересно за посетителите е тоа што влезниците за фестивалот не се продаваа, туку секој можеше да добие билет во замена за три празни пластични шишиња од која било големина.

Беа собрани повеќе од 3.000 пластични шишиња, а спојот на музиката и грижата за животната средина уште еднаш се покажа како одлична идеја.

_TOM6684“Музичките фестивали или настани, местата каде што луѓето се собираат заеднички да учествуваат во една голема музичка изведба, секогаш имаат магиско-ритуален карактер и како такви се погодни за ширење на одредени идеологии и идеи. Кога тоа ќе се употреби за идеи и цели кои што се за добробит на заедницата, секогаш ќе бидат успешни. На таков начин, Sound of green беше еден успешен настан, пред се музички, но и како средство за одредено зголемување на свеста за потребата да се грижиме за околината во која живееме. На едно место се собраа луѓе и од различни генерации и одразлични животни стилови, сите заедно ја прославија музиката која што ги прави среќни и притоа дури и неприметливо во себе ставија идеја дека пластиката може и да се рециклира,” изјави Дориан Јовановиќ, член на групата String Forces, по завршување на нивниот настап.

Акциите на Пакомак за подигање на еколошката свеста не застануваат овде. Тие и понатаму ќе продолжат да организираат настани каде ќе не уверат дека собирањето на пластичниот отпад навистина може да биде забавен.