Societe Generale најавува затворање 600 филијали во Франција

40
Hand inserting ATM card into bank machine to withdraw money. businessman men hand puts credit card into ATM

Француската банка Societe Generale ја спојува својата главна мрежа на банки со своите подружници на Credit du Nord за да ја намали базата на трошоци до 2024 година, што ќе доведе до затворање на 600 филијали во Франција.

Банката сака да ги намали трошоците откако во првите шест месеци од оваа година пријавила загуба поголема од 1,2 милијарди долари, пренесува Seebiz.

Societe Generale планира да има 1.500 подружници од моменталните 2.100 до крајот на 2025 година.

Традиционалниот банкарски сектор поминува низ големи промени во светот поради падот на побарувачката за лични услуги во филијалите, како и поради конкуренцијата на нови таканаречени fintech групи што преземаат компании од финансиската индустрија.

Фото: Freepik