Социјален експеримент: Нудел пари на улица, што мислите, кој земал најмногу?

3

eksperiment

Коди Персин, човекот кој на YouTube поставува разни експерименти, овој пат се излепи со банкноти и со знак во рацете на којшто пишува “Земи колку што ти треба”, се прошета по улиците на Њујорк.

Со парите се послужиле богат бизнисмен, жена со оригинал Givenchy чанта, на една госпоѓа и требале пари за маникир, а бездомник земал само два долара, да има за храна за себе и за кучето. Бездомникот зел пари само за еден ден, а кога Персин му понудил да земе повеќе, го одбил и му рекол нека има и за другите. Персин бил импресиониран од гестот на бездомникот и му дал 60 долари.

Има разлика меѓу “Земи колку што ти треба” и “Земи колку што сакаш”.