SoftBank формира втор, мега технолошки фонд вреден 108 милијарди долари

62

Јапонскиот мултинационален конгломерат SoftBank формира нов технолшки фонд, којшто ќе биде поголем од првиот. Неговата вредност се планира да достигне 108 милијарди долари, односно за осум повеќе од претходникот.

Основачот на SoftBank, Масајоши Сан со овој чекор планира да го зацврсти своето место како највлијателен инвеститор во индустријата.

Во вториот Vision Fund, самиот конгломерат ќе вложи 38 милијарди долари и ќе ја замени Саудиска Арабија како главен инвеститор, пишува Bloomberg. Парите се планира да доаѓаат од Apple, Microsoft, Foxconn Technology и суверениот фонд за богатство од Казахстан.

Сон планира да инвестира во стартапи базирани на најновите технологии како вештачка интелигенција и автономни возила.

Фото:Facebook