SoftBank инкасираше 3,8 милијарди долари од инвестицијата во Uber

23

SoftBank регистрираше добивка од 3,8 милијарди долари од својата инвестиција во Uber.

Јапонската холдинг компанија во 2017 година преку својот Vision Fund инвестираше седум милијарди долари во платформата за споделување на превоз.

“Облозите“ на извршниот директор на SoftBank Масајоши Сан, почнуваат да се исплаќаат, а тоа го потврдува и извештајот на компанијата во којшто се наведува дека “оперативната добивка за фискалната година што заврши во март, пораснала за 81% споредено со претходната година, на 21,4 милијарди долари.

За тоа во голема мера е задолжен Vision Fund и уште еден придружен фонд, во коишто заедно остварија добивка од 11,4 милијарди долари, пишува CNN.
Сан освен во Uber, инвестираше и во стартапите WeWork и Slack, а Саудиска Арабија дополнително вложи 45 милијарди долари во фондот.Vision Fund поседува најголем број на акции во Uber, 16,3%.
Фото: Facebook